Уште 375 милиони долари воена помош од САД за Украина

Американскиот претседател на самитот на Г-7 во Хирошима денеска ќе објави нов пакет воена помош за Киев во вредност од 375 милиони долари, пренесува „Политико“.



Тројца американски и украински функционери изјавија за Политико дека најавата ќе се случи по средбата на Бајден со Володимир Зеленски. Според изданието, новиот пакет помош ќе вклучува артилериски гранати, оклопни возила и противтенковско оружје.

Севкупно, од август 2021 година, САД и обезбедија на Украина оружје во вредност од над 21 милијарда долари.

Претходно беше објавено дека Вашингтон нема да се спротивстави на трети земји да ги испратат своите борбени авиони Ф-16 во Киев.

Бајден одобрил планови за обука на украински пилоти на овие борбени авиони.