Сокол Добруна, поранешен претседател на Воениот суд на ОВК, рече дека Специјалниот суд за сторените злосторства на ОВК нема да биде укинат, а Хашим Тачи да си поднесе оставка.
Тој вели дека косовскиот претседател треба да поднесе оставка доколку бил под притисок да го формира тој суд.
Според приштинските медиуми, Добруна е еден од оние против кои Специјалното обвинителство ќе поднесе обвинение.
„Тој(Тачи) требаше да поднесе оставка веднаш по наметнувањето на Специјалниот суд. Дали претставниците на меѓународната заедница го измамиле или не, тоа е друго прашање, но тој требал да знае“”, изјави Добруна за РТВ Дукаѓини, се наведува во прес-клипингот на УНМИК.
Приштински медиуми претходно објавија дека првите обвиненија против поранешни припадници на поранешната ОВК, ќе бидат подигната кон средината на февруари а меѓу првите на список се и Даут Харадинај, братот на актуелниот премиер на Косово, но и Азем Суља, вујко на Тачи.





