Во Благоевград денеска беше отворен почесен конзулат на Република Србија, јавуваат бугарски медиуми.



На свеченото отворање присуствуваше и српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ, пречекан од градоначалникот на општина Благоевград, Илко Стојанов.

Ова е втор српски почесен конзулат во Бугарија, по оној во Пловдив.

Целта на Конзулатот е да ги поддржи, да ги зајакне и продлабочи врските меѓу двата народа, изјави Жељко Јовиќ.

На почетокот на церемонијата пред трибината се појави граѓанин со протестен плакат. Тој бил однесен од полицијата, а за време на церемонијата немаше сериозни инциденти.