Марија Габриел, идната бугарска премиерка лажела за својот докторат по политички науки за да стане европратеничка, тврдат научници за бугарскиот портал Пик кои испратиле писмо во кое изразиле загриженост дека ова ќе влијае на имиџот на Бугарија.



„Излегува дека во 2009 и 2011 година била докторка, а во 2023 година повеќе не е“

Во писмото тие се загрижени дека бугарските граѓани се измамени кога се надеваат дека ќе бидат управувани од нови, образовани и компетентни политичари, а „тие му веруваат на човек кој си дозволува директно да ги лаже, штом ќе влезе во политичкиот живот, да стекне кредибилитет врз основа на научниот престиж и искуство што го нема“.

„Постапката на г-ѓа Габриел ‘краде’ и од меѓународната доверба во Франција и угледот на нејзиното универзитетско образование.

Во написот се додава и дека Габриел со лажната диплома ги водела програмите Европа и Еразмус за управување со фондовите на ЕУ за наука и за образование.

„Каков ќе биде ефектот врз имиџот на Бугарија на меѓународната сцена, ако на чело на државата застане човек, кој ја измислил својата компетентност, врз основа на тоа му го украл авторитетот, кој очигледно го игнорира моралот во своите постапки?“, прашуваат науниците од франкофонската заедница во Бугарија.