Бугарскиот претседател Румен Радев на денешна церемонија ќе им врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов, соопштија од прес-службата на шефот на државата, а пренесе БНТ.
Љубчо Георгиевски е претседател, а Благој Шаторов е секретар на бугарскиот културен центар Иван Михаилов во Битола, затворен од властите во Македонија.
Указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло, веќе ги потпишала потпретседателката Илијана Јотова.
Пред десетрина дена бугарско државјанство доби и секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков.
