„Пендаровски рече дека немал проблем со мене да пие кафе, но јас имам информации дека уште во јануари годинава имал средба со тајните службии и тој ги иницирал црните списоци со бугарски граѓани на кои им е забранат влез во Македонија, обвини европратеникот Андреј Ковачев во утринската емисија на телевизијата БТВ.
Иницијатор на тие црни списоци е токму Стево Пендаровски. Тој потврди дека има списоци за бугарски граѓани. Критериум за влез е да не кажеш дека си Бугарин и да не спомнеш дека Гоце Делчев е Бугарин затоа што во спротивно ќе го негираш македонизмот.
„Може да стигнеме до апсурд и да воведат декларација на граничните премини за нас за да одговориме дали сметаме дека Гоце Делчев бил Бугарин“ рече Ковачев во емисијата.
На бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев кој е и заменик-претседател на ЕПП, Милен Врабевски и уште тројца Бугари на 6 мај не им беше дозволено да ја поминат македонската граница. Тие отпатувале да учествуваат на панхидата на бугарските воени гробишта во струмичкото Ново Село, но не успеале да ја поминат границата.
Од МВР тогаш соопштија дека причината за тоа е неисполнување на условите за влез во Македонија, согласно законот за странци.







