Да види народот како се кршат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела, се вели во соопштение од опозициската партија според која од најголем национален интерес е власта веднаш да го објави договорот пред македонската јавност.
„Да види народот како ќе се плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат, во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ, на делницата Демир Капија-Смоквица.
Да види народот како се плаќаат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата.
Да види како се урнисува македонското право, а да биде и комично, надзор на сите овие работи ќе врши фирма за долна облека.
Корумпираната и криминална влада на ДУИ и СДС, одамна не знаат што се тоа македонски национални интереси, а за тоа граѓаните видоа многу примери во минатото.
По доаѓањето на власт на ВМРО- ДПМНЕ, на прво место во работењето ќе бидат ставени македонските национални интереси, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.







