Властите на Република Северна Македонија треба да покажат политичка храброст и да почнат да ги исполнуваат обврските што ги презедоа пред сите земји-членки на ЕУ, одговори бугарското Министерство за надворешни работи по вчерашната изјава на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој го спореди односот на Руската Федерацијата кон Украина со таа на Бугарија кон Македонија.



Министерството за надворешни работи ја дефинира како недозволива и цинична секоја аналогија со страдањата на украинскиот народ во неоправданата војна на Русија.

Недозволиво е, исто така, декларацијата за грижа за основните права на одредена заедница да се користи како изговор за неосновани и жестоки напади врз земја членка на ЕУ.

Ставот на Ковачевски уште еднаш јасно го покажува вистинскиот однос на Скопје кон главните вредности на ЕУ, посочуваат од бугарското Министерство за надворешни.

„Обидите да се оттргне вниманието на јавноста од недостатокот на волја за исполнување на обврските не се продуктивни и отстапуваат од декларираната желба на Скопје за градење добрососедски односи“, оценуваат од Министерството според кое македонскиот премиер имплицира дека доколку РСМ не го продолжи патот на преговорите за влез во ЕУ, тоа ќе има негативно влијание врз Албанија.

„Бугарија постојано ја поддржува европската интеграција на сите земји од Западен Балкан врз основа на нивните сопствени заслуги“, посочува МНР и додава дека, за разлика од * Македонија, Албанија целосно ги отвори пристапните преговори и брзината со која ќе напредува зависи исклучиво. за нејзиниот напредок во реформскиот процес.