Амбасадорката на САД како транспарентен процес го оцени тајниот договор со Бехтел и Енка

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.



Според засега објавениот дел од интервјуто за МИА амбасадорката е убедена дека процесот е чист иако договорот е таен и освен десетина луѓе од владата на СДСМ и ДУИ никој не го видел до сега.

Агелер во објавениот дел од интервјуто ја критикува опозицијата за тоа што се противи на договорот со Бехтел и Енка без да ги има сите информации за случајот. Агелер овој став го искажува иако знае дека владата не сака да го даде договорот на опозицијата тврдејќи дека Бехтел и Енка барале договорот да биде таен.

Овој став на Агелер е целосно различен од тој што амбасадата на САД го даде пред околу еден месец за новинарот на емисијата Заспиј ако можеш Горан Момироски кога практично се огради од договорот на владата со Бехтел и Енка упатувајќи ги новинарите и јавноста сите спорните прашања да ги постават на страните во договорот односно на владата и Бехтел и Енка.

Агелер интервјуто го дава за директорот на Македонската Информативна Агенција Драган Антоновски кој е именуван од владата, и кој важи за продолжена рака на СДСМ во државната медиумска агенција.

Делот од интервјуто кое го објави МИА на овој ЛИНК

https://mia.mk/story/%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D1%85%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BD%D0%BE-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D0%BD%D0%B8

Фото МИА