Новинарот Ивор Мицковски е помалку изненаден од за „180 степени“ сменетата реторика на власта која до вчера со „шарени лаги“ зборуваше за светлата европска перспектива на Македонија, а сега ја заплашува јавноста дека – сами ќе сме си го блокирале процесот на интеграција со Унијата.



„Интересно е како премиерот, Бујар и вицепремиерите почнаа да пропагираат дефетизам и страв од изолација од една страна, додека од друга крадат наратив дека Бугарија се однесува како Русија кон Украина, откако дозволија таа морална, институционална и историска инвазија да ни се случи, токму благодарение на нивните краткорочни интереси и одлуки.

Чудно како ги зафатила таа хистерија и шизофренија, која довчера ја гледаа само во критичката јавност.

Чудно како одеднаш се загрижени и спремни да се завртат за 180 степени.
До вчера беа најдобри и најпаметни, ни цветаа ружи, бевме пример за напредок и интеграции. Се шарени лаги.

Џабе е сега за каква било сатисфакција дека власта била во грешка, а експерти, новинари, невладини и јавност во право.

Потрошија премногу време, прегрнаа премногу лажни политики.
Од жртва не претворија во виновници оти сега сами демек се блокираме.

И дома не оставија поделени, ослабени и соочени со бескрајна политичка, морална и интелектуална криза.

Направија непоправлива штета“, објави Мицковски на Фејсбук.