Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Јосеп Борел за весникот Фајненшл Тајмс изјавил дека унијата треба да воведе санкции за деривати од Индија кои се преработуваат од руска нафта.
На прашањето на оваа тема од Фајненшл Тајмс министерот за надворешни работи на Индија Субраманиан Јапанкар дипломатски го понижи Борел објавувајќи член од регулативата на ЕУ според кој унијата може да увезе значително преработена нафта од страна на трети земји кои истата ја увезле од Русија.
Индија е една од земјите кои го зголемија увозот на руска нафта ок почетокот на војната во Украина по што голем дел од таа нафта преку деривати влегува во ЕУ.
Борел не е присутен на прес конференцијата на која зборува индискиот министер.
This is Brutal one 🫡🙄😎🔥 pic.twitter.com/NToFaf43At
— Gems of Politics (@GemsOf_Politics) May 17, 2023






