Во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) полициски службеници спроведоа повеќе контгроли на учесниците во сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 казни, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на црвено светло, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.







