Николоски: Барањето за Бугари во Уставот е само почеток…

„Патот на Македонија кон ЕУ ќе оди паралелно на два колосеци, едниот колосек биде доколку почнат преговори кои што се во делот на тие рамки, а вториот ќе бидат преговори со Бугарија“ вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Комисијата за европски прашања.



„ И ова го зборуваме подолг временски период, за жал од власта добиваме розеви приказни кои што не се вистинити“, кажа Николоски.

Вели дека е крајно понижувачки за Македонија е да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи.

„Во таа насока мислам дека е крајно понижувачки за Македонија да треба да менува историја или со сила да ги тера луѓето да сменат национално определување само затоа што некој тоа го побарал, а очигледно е дека и во следниот период ќе има такви работи. Барањето за промена на Уставот која ја слушнавме сега не е крај туку почетокот на реализација на вакви барања.

Точно е дека постојат и други држави кои што разговараат за историјата но ни една друга држава не била условена со промена на сопствената историја со цел да напредува во европските интеграции како што е условена Македонија, затоа што работата на историската комисија стана дел од преговарачката рамка преку условувањето на протоколите коишто оваа комисија треба да ги усвојува и да ги имплементира после тоа, а тоа практично значи да се прифаќа едноставно гледање на историјата, во спротивно државата нема да напредува“ вели Николовски.

Тој го спомена и вчерашното обраќање на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој држеше лекции за бугарската истоторија на Македонија и за Гоце Делчев рече дека е Бугарин.

„Затоа мислам дека никој не треба да се чуди зошто 85% од етничките Македонци се против таканаречениот француски предлог. Да поедноставам, тоа е повеќе од вкупниот број на луѓе коишто излегуваат на избори и тоа било кога и на било кои избори.

И ова такво однесување на Бугарија дополнително ќе создава револт и отпор кај луѓето, треба да сте свесни за таа работа и ќе прави невозможно било каков напредок, затоа што ваквата политика на уцени и на притисоци само ќе води кон контра ефект на другата страна бидејќи никој не сака да биде национално понижен, ниту било кој сака да му се диктира перцепцијата за себе, вистината за себе и вистината за неговите предци, додаде тој.