Палестинците бараат на Израел да му се суспендира членството во ОН

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја повика меѓународната заедница да го суспендира членството на Израел во Обединетите нации (ОН) поради попречување на спроведувањето на резолуциите на ОН и меѓународното право, јави АП.



Палестинците ја одбележуваат 75-годишнината од Накба, „Денот на големата катастрофа“, кој го симболизира страдањето и прогонството на палестинскиот народ од формирањето на израелската држава на, спорерд нив, палестинска земја.

По тој повод, вчера за прв пат во седиштето на ОН се одржа посебна програма по повод 75-годишнината од Накба.

„Бараме денеска, официјално, во согласност со меѓународното право и меѓународните резолуции, да обезбедиме Израел да ги почитува тие резолуции или да го суспендира членството на Израел во ОН“, рече Абас во обраќањето на собирот.

Палестинскиот лидер рече дека од 1947 година ОН донеле стотици резолуции со кои се признаваат правата на палестинскиот народ, но дека досега не е спроведена ниту една резолуција.

Израел остро се спротивстави на настанот по повод 75-годишнината од Накба, нарекувајќи го „искривување на историјата“ и рече дека убедил десетици други земји да ја бојкотираат комеморацијата, пишува „Times of Israel“