Зголемување на платите за 30 отсто, бараат вработените во УЈП кои денеска излагоа на протест пред своите организациони едицини низ цела Македонија.
„Нашето барање е зголемување на платите за процентот што е предвиден со Законот за извршување на Буџетот, а тоа е 30 отсто. Законот предвидува определени инсституции да го остварат тоа право.
Во моментов ние го немаме остварено тоа право, а нашиот колективен договор, како и Законот за УЈП врз основа на кои остваруваме плати, ја дава таа можност, односно е во склад со членот 66 од Законот за извршување на Буџетот, вели претседателот на синдикалната организација „Солидарност“, Васе Неданоск за „Фокус“.
Синдикалната организација денеска преговора со надлежните и се очекува да биде изнајдено решение.
Доколку нема решениеи, најавуваат и штрајк.






