Србија: 14-годишна ученичка со нож повредила соученичка


Тежок инцитент меѓу малолетници се случил денеска во основното училиште „2. Октомври“ во Зрењанин.



Како што дознава порталот zrenjaninski.com, девојче родено 2009 година денеска со остар предмет, најверојатно нож повредило друго девојче од тоа училиште, родено 2010 година.

Повреденото девојче е пренесено во Ургентниот центар на болницата Зрењанин. Засега не се знае дали се здобила со полесни или сериозни повреди.

За овој случај е известена и полициската управа во Зрењанин, а полициската работа е во тек.

Причината за овој напад се уште не е позната.