Евгениј Пригожин, шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, во понеделникот го демантираше извештајот на „Вашингтон пост“ заснован на „протечени“ информации на американското разузнавање дека тој понудил да ги открие позициите на руските војници на украинската влада.
Шефот на „Вагнер“ на Украинците им се нудел да биде кодош
Американскиот весник наведува дека во јануари Пригожин понудил да ги сподели со украинските разузнавачи позициите на руските сили, со кои неговата милиција често се судрила, во замена за повлекување на Украина од областа.
Весникот наведува дека Украина ја одбила понудата.
Во аудио порака објавена од неговата прес-служба во понеделникот, Евгениј Пригожин ги нарече обвинувањата „глупости“ и сугерираше дека неименувани жители на московското предградие Рубљовка, дом на многу членови на деловната и политичката елита, извршиле напад врз него.






