Името на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на списокот со осуденици кои чекаат да бидат помилувани од страна на претседателот Стево Пендаровски.
Оваа информација за Плусинфо неофицијално ја потврдија два независни извора од Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот, кои ни посочија дека последната седница на Комисијата, на којашто се расправало за слободата на Јанева, била одржана пред само една недела.
Повеќе детали на овој ЛИНК
Според последните информации на Плусинфо Пендаровски го одбил барањето за помилување на Јанева.
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопшти дека барањето на Катица Јанева за помилување не поминало, односно не било одобрено, на последната седница на Комисијата за помилување, која се одржала пред една недела.
Претседателот Стево Пендаровски не го одобрил барањето за помилување и неговата одлука ќе биде објавена во Службен весник на 19 мај, со што ќе стане официјална, пишува Плусинфо.
(Оригиналната вест е дополнета)






