Нужник, крлеж, болва и друг емотивен говор на омраза по предлогот на Ружин Македонците да се жртвуваат за ЕУ

Предлогот на човекот кој неуспешно го предлагаше Зоран Заев за добитник на Нобелова награда за мир се соочи со огромен број на навреди на социјалните мрежи откако вчера на емисијата Детектор на Сител побара македонците да се жртвуваат за националните интереси.



Ружин во емисијата бара македонците да направат уште една жртва со цел да се смени уставот и да се продолжи на патот кон ЕУ.

На граѓаните да им објасниме дека треба да се жртвуваме за националниот интерес, повика Ружин

Во објавите на социјалните мрежи изјавата на Ружин беше пречекана со емотивни реакции кои можат да се интерпретираат и како говор на омраза но и како човечка реакција на барањето од политичари македонскиот народ повторно да биде тој што треба да прави компромиси и жртви без јасни граанции дека жртвата ќе се исплати.

Осудата и начинот на кој се реагира кон изјавата на Ружин (Дел од реакциите со лични, семејни, сексуални и национални навреди се за осуда) најдобро може да се види на постот на Седо Перо на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02o7pDWcMB1LKFDGusHH3qnwLp4vxkY8u4btcJhdv7eUqUWBfUTEeZuWjxGeJUQbgQl&id=100024810244009&mibextid=Nif5oz

Ружин се соочи со навреди и на сите други медиуми кои ја објавија веста со негово барање

https://www.facebook.com/193387397361244/posts/pfbid0t6nZKKv6k2Nhpx2gbvCyRb43WBexXDjybhkG6FRkgRUJ4QgSWQdepSKBzzPFXRkwl/?mibextid=Nif5oz