Закана за Вучиќ и Брнабиќ: Ќе ги бркаме по улици, ќе пливаат во Сава и Дунав

Српски опозиционер и критичар на Српската Напредна странка на Александар Вучиќ упати јавно закани за лидерите на српската влада порачувајќи дека ќе мораат да бегаат од земјата.



Причината за јавните закани за насилство против власта се во анализата на опозицијата дека власта нема да признае пораз на избори.

„Не можат да изгубат на избори, затоа ќе мора да се бркаат по улица! Ќе пливаат во Сава и Дунав, некој градно, некој грбно, кој како знае! Ќе мора да бегаат!” изјави во ТВ емисија социологот Јово Бакиќ учесник на протестот против насилството.