Професорот и прв „министер за односи со сдтранство“ во независна Македонија, тврди дека власта не мора обавезно „да падне“ доколку според анкетите има послаб резултат од опозицијата.



И второ – вели Денко Малески – лага е дека нелегитимен новиот премиер (Ковачевски н.з.), кој дојде на местото на Зоран Заев откако поднесе оставка.

„Колевката на демократијата, Велика Британија, го илустрира токму спротивното“ пишува Малески во колумна за „Фокус“.

Според Малески „влада избрана на избори има мандат кој може да го заврши но може и да го прекине и да закаже предвремени избори, по сопствена волја. Кога?

Кога ќе и одговара на власта, поточно кога ќе процени дека и се наклонети избирачите. Тоа право е нејзино сѐ до датумот на регуларните избори. Што се однесува до легитимноста на премиерот, кога би било „по наше“, би можеле га кажеме дека изминативе години Британците имаат двајца нелегитимни носители на извршната власт, Лиз Трас и сегашниот премиер Риши Сунак.

И додека во британската дебата никој не помислува да проблематизира некои аксиоми на парламентарната демократија, во нашата се’ е дозволено за да се оцрни противникот.

(…)

Па, никој никаде, во ниту една парламентарна демократија, не ја предава власта на послужавник во момент кога јавноста не му е наклонета, зашто има право да чека поволен момент се додека тоа му го дозволува законот“, тврди Малески.