Премиерот Димитар Ковачевски не стравува за стабилноста на владиното мнозинство и вели дека има поддршка 65 пратеници.
Уште една партија од коалицијата на СДСМ заминува во опозиција (ВИДЕО)
„За барањата на помалите партии кои најавуваат напуштање на коалицијата ќе се најде решение“, изјави премиерот Димитар Ковачевски каком што пренесува Канал 5.
Премиерот рече дека со коалициските партнери за главните политички прашања се обединети и најави дека ќе разговара со Стојанче Ангелов од „Достоинство“ околу законот за помош на бранителите од 2001 година.
За барањето на ДОМ за една изборна единица Ковачевски повтори дека останува поддршката од СДСМ.







