„Премиерот Димитар Ковачевски во Вашингтон се сретна со државниот секретар Ентони Блинкен. Уште не беа стигнати соопштенијата на Стејт департментот и на Кабинетот на премиерот, кога стаса соопштение од Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби. Соопштението има наслов: „Став на Првиот потпретседател на Владата во врска со средбата Ковачевски – Блинкен“, пишува во редовната колумна „Сакам да Кажам“ новинарот Горан Михајловски.
„Кога го видов насловот, си помислив готово, паѓа владата, се скараа во коалицијата за стратешкиот партнер. Зарем, вицепремиерот има различен став од премиерот за средбата во Стејт департментот?
Божем во Вашингтон не бил премиерот на Македонија, туку на некоја друга држава, па вицепремиерот на Македонија има став за таа посета. Божем Ковачевски е во една влада, а Груби во друга.
Отишол премиерот во САД и се сретнал со Блинкен. Ама да знаете дека има и Прв вицепремиер. И дека и тој има став“, пишува Михајловски.







