Во Турција почна гласањето за претседателските изборти избори кои би можеле да го соборат претседателот Тајип Ердоган по 20 години на власт.
Право на глас имаат 64 милиони турски граѓани, од кои во земјата се регистрирани 60.697.843 гласачи.
Гласачите од земјата со 85 милиони луѓе, ќе одлучат не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува, каде се движи нејзината економија во услови на длабока криза за трошоците на животот и како ќе изгледа нејзината непредвидлива надворешна политика. .
Анкетите му даваат мало водство на главниот противник на Ердоган, Кемал Киличдароглу, кој води сојуз од шест опозициски партии.
Доколку ниту еден од нив не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, на 28 мај ќе има втор круг избори.
Изборите доаѓаат три месеци по земјотресите во југоисточна Турција каде загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а могумина во погодените провинции изразија гнев поради бавниот првичен одговор на владата на катастрофата.
Гласачите, исто така, ќе изберат нов парламент, најверојатно во тесна трка меѓу Народната алијанса, составена од конзервативната исламистичка партија на Ердоган АКП, националистичката МХП и други, и Националната алијанса на Киличдароглу од шест опозициски партии, вклучително и неговата секуларистичка Републиканска народна партија (CHP ), основана од основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.







