Иако и грчкиот премиер и министерот за надворешни работи сигнализираа можно решение со консензус внатре во Грција за спорот со името на северниот сосед на кое се чека веќе 25 години, а „другата страна“, се чини, се повлекува од својот цврст став и ги напушта иредентистичките провокации, на поотег се Ципрас и Каменос.



Во последниве недели пишува „Иефимирида“ има големи несогласувања во владата на Ципрас бидејќи, се чини, не може да се постигне консензус со помалиот коалиционен партнер за излез од ќор-сокакот со спорот.

Претседателот на „Независни Грци“ и главниот владин партнер на СИРИЗА, Панос Каменос, веќе јасно стави до знаење дека нема да се согласи на каква било употреба на терминот „Македонија“ во името на соседната земја, додека наголемо се зборува за „сложени име“ како заедничко прифатливо решение. .

Разликата на ставовите внатре во владата му дава можност на лидерот на опозициската Неа демократија, Кирјакос Мицотакис да го критикува разногласието во владата.

Оттаму, премиерот Ципрас треба да се справи со голем проблем кој ја загрозува кохезијата на владата.

Како резултат на тоа, по празниците и според информациите на Иефимерида, се очекува и премиерот да преземе чекори за премостување на јазот со министерот за национална одбрана, со цел да се искористи „прозорецот на можности“ кој се создадава во 2018 година за решавање на прашањето на името.