По молкот од Владата, евроамбасадорот Гир рече дека кажал се што имал да каже за туркањето закони со европско знаменце

Власта по секоја цена ги турка законите со европско знаменце за опозицијата да не може да блокира, а Европската Унија останува на ставот дека употребата на скратени процедури не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа. Евроамбасадорот Девид Гир, кој на „Денот на Европа“ дојде да се рекреира во парк шумата Гази Баба, рече дека останува на ставот од пред неколку дена, дека Владата не треба по секоја цена да ја злоупотребува Европската Унија.



Претходно евроамбасадорот рече дека европското знаменце е наменето само за закони кои треба да се донесат по скратена постапка, а кои се дел од европското законодавство. Се друго е надвор од европската пракса, дециден беше Гир.

И додека владеачкото мнозинство се правда дека ги турка законите со европско знаменце, Европската комисија рече дека употребата на скратени процедури не треба да се користи за прескокнување на јавна расправа.

Од Владата и натаму не одговараат на прашањата на Алфа дали ќе се предомислат за злоупотребата на европскоро знаменце по “шамарот” од EУ. И додека Владата молчи, министерот за внатрешни во одбрана на Артан Груби. Повтори дека треба да се работи во насока на остварување на проектите за градење на коридорите 8 и 10д и да се почитуваат законски норми што важат во Македонија.

Инаку, Европската Унија веќе и порача на Владата да не го злоупотребува европското знаменце, зашто овој инфраструктурен проект не бил поврзан со европските процеси во Македонија.