Вистинската желба на ГЕРБ-СДС е да формира влада со втората политичка сила „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“), без разлика со чиј мандат, изјави потпретседателката Илијана Јотова, цитирана од БТА.
Јотова го коментираше утринскиот говор на копретседателот на ПП/ДБ, Кирил Петков, според кој неговата коалиција може да ѝ даде втора шанса на владата на ГЕРБ-СДС.
„Вратата не е заклучена…“ реќе Петков.
Тој објасни дека е многу пријатно изненаден од Марија Габриел која е номинираната за премиер на идната влада.
„Во лицето на Габриел, препознав личност која дошла да направи вистински разговор, а не само да чуе „не“ од нас. Личност која на поставените конкретни прашања дава конкретни одговори. За време на средбата помислив колку би било страшно во следните 4 години да има влада на ГЕРБ-ДПС-БСП. Затоа не ја заклучив вратата, туку реков – сакам да разговарам со сите наши тела”
За Јотова можен е кабинет со истиот предлог за премиер – Марија Габриел.
Претседателот Румен Радев, во понеделник треба да го даде мандатоит за состав на влада на коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов.






