Н. К. (44) и Ш. Д. (42), се приведени како осомничени за две кривични дела „узурпација“ и „бесправно градење“ откако вчера попладне ја урнале оградата од поликлиниката „Бит Пазар“ со намера на тоа место да градат паркинг, јави СДК.МК



Според директорот на Здравствениот дом Скопје д-р Виктор Исјановски, упадот во установата се случил околу 19 часот.

„Некој со тешка механизација и без никаква дозвола за градење доцна вечерва се пробил на просторот на поликлиниката „Бит-пазар“ и сакал да почне да гради“ изјави Исјановски за Слободен печат.

Од МВР информираат дека приведените немале добиено дозвола од Општина Чаир и дека за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.