Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара за 9 лица од вкупно 11-те осомничени за подведување на малолетно девојче да добијат 30 дневен притвор. Од останатите двајца осомничени, едниот е на болничко лекување, додека другиот во бегство, јави Телма.
Се води истражна постапка против десет лица, кои се осомничени во случај на сексуална експлоатација на малотеничка и трговија со дете.
Според извори на Телма, неофицијално се работи за три женски и седум машки лица, а едно осомничено лице е надвор од државата.






