Зеленски во Ватикан: Папата посредува за мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски викендов ќе се сретне со папата Франциско , изјави официјален претставник на Ватикан на 11 мај.



Зеленски, кој веќе пристигна во Рим, прво тој ќе се сретне со премиерката на Италија Џорџија Мелони и со претседателот Серџо Матарела. Италија ја поддржува Украина од почетокот на војната, а испраќањето помош не престана дури и кога на власт дојде десничаркатат Мелони.

Ова е прво патување на Зеленски во Италија од почетокот на војната, а доаѓа откако папата откри дека бил вклучен во мировната мисија за ставање крај на војната.

На изненадување и на Киев и на Москва, Папата го соопшти тоа за време на патувањето во Унгарија на 30 април, но одби да понуди дополнителни детали.

„Сега се одвива мисија, но таа сè уште не е јавна. Ајде да видиме како… кога ќе биде јавна, ќе зборувам за тоа“, рече тој.

Папата се надеваше дека ќе посредува кога започна конфликтот, но подоцна почна остро да ги осудува постапките на Русија.

Се очекува Зеленски да се појави и како гостин во популарно ток-шоу на италијанската телевизија пред од Италија да замине за Германија.