Во делови од северна Шпанија во петокот, вчера, 12 мај, по месеци без дожд и високи температури падна снег, јави Ројтерс.
Снег падна во Ла Раја, планински регион во Астурија, додека медитеранските делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и Валенсија, забележаа град и силен дожд по неколку месеци без врнежи.
Шпанија е погодена од најсувиот почеток на годината откако се измерени температурите: Во првите четири месеци од 2023 година падна помалку од половина од просечните врнежи.
Дополнително, 11 дена досега биле потопли од вообичаено, двојно повеќе од вообичаеното за цела година.







