Дали заменичката министерка за правда Викторија Аврамовска Мадиќ покажа високо ниво на неписменост или сарказам кога денеска се извини на ,,Егејците” кои вчера ги оддели од Македонците и ги најави како кандидати за дел од уставот како етничка заедница.
Мадиќ денеска се извини тврдејќи дека се работи за грешка но во извинувањето направи две нови грешки или пак намерно сакаше пак да ги провоцира граѓаните.
Прво во извинувањето Мадиќ рече дека направила ,,лапсуз”, иако според правилата на македонскиот јазик се вели лапсус.
Второ и поважно, во извинувањето заменичката министерка за правда се обраќа до ,,Егејците” наместо да им се извини на македонците родени или со потекло од Егејска Македонија.
Се извинувам на Егејците за вчерашниот лапсуз во интервју за ТВ 24.
Стануваше збор за Евреите, а не за Егејците. pic.twitter.com/kMOvAQKYFC
— Viktorija Avramovska Madikj (@ViktorijaMadikj) May 12, 2023





