Обидот на Fashion Group и Sport Vision од 10-ти до 13-ти мај да организираат Garage Sale распродажба во населба Аеродром, заврши со катастрофа по имиџот на двете фирми откако граѓани на социјалните мрежи се жалат на лажните информации и лошата организација на настанот кој многу потрошувачи поради лошата информација воопшто не можеле да го најдат.
Sport Vision и Fashion group во рекламата најавиле дека во акцијата познатите компании ќе понудат дел од својот асортиман по неодоливо ниски цени и дека брендовите на компаниите ќе понудат висококвалитетни и удобни парчиња по изненадувачко намалени цени до -80%.
Но според реакциите на социјалните мрежи тоа биле лажни информации што предизвикало разочарување и бес кај потрошувачите.
Дел од реакциите на граѓани:
Garage Sale – на wannabe “outlet” со праисториска роба, пожолтена од стоење со плафонски цени… ама битно распродажба има па се залетале на “попустот” од 19000ден на 12500 за патики и гратис пајак служба
Навали народе џабе од 18000 намалени на 12000 патики !
Дел од граѓаните обвинуваат за лаги и измама од страна на Sport Vision и Fashion Group.

За некои рекламата е обична шега.

Дел тврдат дека еднаш може да бидат излажани но не и втор пат.

Некои граѓани и предходно биле ,,изгорени” од лажните реклами на Спорт Вижн.

,,Сега е одлично време да инвестирате во добри чевли, стилски парчиња облека, шик модни додатоци, супер удобни патики и сето тоа со потпис на вашите омилени брендови како Replay, Timberland, Levi’s, Superdry, Guess, Tommy Hilfiger, Calvin Klein, adidas, Nike, New Balance, Champion, Umbro и многу други.
Посетителите на заедничката распродажба на Fashion Group и Sport Vision ќе можат да уживаат во шопингот, добивајќи многу повеќе за многу помалку, со оглед на одличните цени на понудените производи”, стои во рекламата на Спорт Вижн и Фепн Група која е дочекана како лага и измама од многумина но фирмите на ја повлекуваат акцијата.






