Заменичката министерка за правда им се извини на Егејците но не дава оставка

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда појави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и Егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите. Таа им се извини на егејците за направената грешка.



-Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

Мадиќ за лапусот не презема политичка одговорност и не најави оставка.

Реакција: Ние сме Македонци не сме Егејци, Мадиќ лажно не претставува