Оставка на премиерот: Ковачевски ,,пукнал” по упадот на Заев и Ахмети во Судскиот совет

Како што вчера објави expres.mk и неколку други медиуми пред две недели на координација со пратеничката група на СДСМ во Собранието премиерот Ковачевски напишал оставка по што истата не била прифатена во архивата по притисок од Талат Џафери.



Ковачевски негира дека дал оставка но пратеници на СДСМ тврдат дека само брзата реакција на ДУИ, со засега непознати преземени мерки, го разубедила премиерот да си замине.

Причината за нервозата на Ковачевски на состанокот бил делумно предизвикан од случувањата во Републичкиот судски совет тврдат изворите во СДСМ.

Покрај семејните проблеми на психичката состојба на премиерот кој по кавга со пратеници си потпишал оставка, причината треба да се бара во семејни проблеми но пред се во упадот што на Ковачевски му го направиле Зоран Заев и Али Ахмети.

Ковачевски на средбата со пратеничката група на СДСМ дошол откако дознал дека е сменета претседателката на РСС Весна Дамева која е негов кадар, тврдат извори во СДСМ кои не сакаат јавно да влезат во конфликт со премиерот.

Со смената на Дамева контролата на судскиот совет ја презеле Заев и Ахмети а Ковачевски останал без ниту една алатка во обидот да влијае врз правосудството како што ветувал пред странски дипломати во Скопје.

Налутен од смената на Дамева од коалицијата Заев – Ахмети Ковачевски ги обвинил половината сопартијци пратеници дека работат за Заев а половина за него по што ,,пукнал” и потпишал оставка која подоцна ја блокирале од ДУИ.

Повеќе детали за оставката

Ексклузивно: Драма во СДСМ, Ковачевски потпишал оставка, Џафери ја искинал