Момироски: Имаме ли идиотка за заменик министер за правда? (И Гоце Делчев е ,,Егеец”)

Имаме ли идиотка за заменик министер за правда? (И Гоце Делчев е ,,Егеец”)



Ми се јавува утрово колега (од другата страна на пеколот) и ми вели: Гледај ја Мрѓа (Душица, на ТВ24), ќе те извади од такт гостинката, ќе избегаш од Македонија.
Нема таква работа што може да ме избрка од Македонија, си велам во себе, но не било баш така…

Почнувам да го гледам интервјуто со Викторија Аврамовска Мадиќ заменик министер за правда.

И уште не можам да се соземам.

Наведената Мадиќ за која не тврдам дека е итиотка туку само прашувам дали е идиот, најавува дека таа и владата размислуваат во уставот со Бугарите да ги стави и Егејците.

Немам сега време за подолга елаборација на темата (обвинителката во случајот против Жан Митрев е многу нервозна и ги понижува судијката и одбраната) но министерката Мадиќ и нејзините шефови Таче и Граче мора да знаат дека македонскиот народ и македонската држава се создадени на темелите на оставштината на еден ,,Егеец” Гоце Делчев, столбот околу кој се гради модерната македонска држава.

Тие мора да знаат дека со ставање на ,,Егејците” во уставот се уништува еден од темелите на македонскиот народ и држава.
Со ставање на ,,Егејците” во уставот се става последниот клин во ковчегот на македонската нација затоа што ако тие се третираат посебно ќе нема македонски народ и нација.

Мадиќ може да ме тужи слободно, нема да се кријам со задоволство ќе се соочиме на суд.
#ГоцеЕгеец
#Идиоти

Фејсбук статус на новинарот на емисијата ,,Заспиј ако можеш”