„Ако треба ќе испратиме кадар од Министерството за образование“ вели Министерот за образование Јетон Шаќири кој повтори дека државната матура ќе се полага на 27-ми мај, и покрај штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ).
Останува неизвесно дали ќе има или не државна матура на крајот од годинава?!
Министерот рече дека ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во ДИЦр, ама дека тоа не треба да се доведува во корелација со реализацијата на матурата и дека тие прашања треба да се решаваат системски.
Синдикатот на Државен испитен центар останува во штрајк и оттаму најавија дека во мирување ќе бидат сите процеси во нивна надлежност а кои се поврзани со матурата.
Од ДИЦ велат дека со тоа што вработени во Министерството за образование би влегле да „помагаат“ за спроведувањето на државната матура, ќе се наруши тајноста на процесот, пренесува Слободен печат







