Под мостот во близина на трговскиот центар Ист Гејт синоќа се запалила инсталација на струја и топловод.



На друштвените мрежи се споделуваа фотографии и видеа од настанот.

На терен излегоа екипи од противпожарната единица во Скопје.

Од ЦУК биле известени за пожарот на мостот „Беласица“ на Вардар, кај ТЦ „Ист Гејт“ .

Во 01.45 часот БППЗ на Град Скопје извести дека пожарот е локализиран, додеа дека нивна пп екипа се уште била на терен да догасува делови од пожарот, а во 1:50 часот ЈП „Железници“ извести дека електричниот напон бил вклучен.

Пожарот е локализиран, а во моментов мостот е целосно затворен за сообраќај од безбедносни причини. Полицијата ги пренасочува возилата