Шест медали за Македонија на Балканската математичка олимпијада во Турција

Шест медали, од кои по еден златен и сребрен и четири бронзени, е салдото на учесниците од Македонија на 40. Балканска математичка олимпијада во турскиот град Анталија.



Златен медал освои Никола Спировски, сребрен Дамјан Давков, а бронзени Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветановски и Алек Танаскоски.