Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска денеска одржала брифинг со медиумите во еден од најскапите скопски ресторан „Воденица“, на кој не биле повикани медиумите кои ја критикуваат.
Неделникот „Фокус“, чии новинари не биле повикани на брифингот со градоначалничката објавува дека сите медиуми кои во последната година ипол, за време на владеењето на Арсовска со Градот критички ја опсервираат нејзината работа, не бил поканети.
Дел од медиумите денеска објавија дека градот Скопје се соочува со банкрот откако од сметката на метрополата треба да бидат наплатени стари долгови но градот тоа го демантира.





