Хрватската ракометарка во септември стави точка на настапите за нејзината национална селекција, а во интервју за ТВ Арена истакнува дека на крајот од сезоната најверојатно ќе и стави крај и на својата професионална кариера. Андреа Пенезиќ има договор со Вардар до јуни 2018. година, кој сака да го испочитува до кра, а потоа да му се посвети на завршување на студиите и на семејството.
Освен Пенезиќ, Вардар ќе се збогува и со Лакрабер, па така црвено-црните во скоро време ќе мора да се посветат на обновување на тимот и тоа особено во бековската линија. ЖРК Вардар е единствената екипа во ова издание од Лигата на шампионките која нема пораз, а со тоа е и прв кандидат за Фајнал Форот во Будимпешта каде скопјанки играат четири пати по ред.




