Ковачевски: Моите деца не патуваат на сметка на државата

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека приватните патувања на членовите на неговото семејство никогаш не биле на товар на Буџетот на Република Македонија,одговарајки на прашање дали дали на товар на државата во САД патувал и неговиот син.



„На патувањата кои одам, зависно од поканата и од протоколот, како што е случајот и со други претставници на власта, сум придружуван од мојата сопруга, зависно од тоа дали има покана и настан на кој ќе присуствува, а приватните патувања на кои патуваат другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Буџетот на Република * Македонија“, рече Ковачевски.

„Доколку е потребно, рече Ковачевски, за секое нивно патување ќе и доставувам сметки на јавноста но сметам дека тоа е беспредметно“, рече Ковачевски кој рече и дека неговиот син игра фудбал и често оди во странство, но дека е беспредметно за тоа да доставува сметки на јавноста.

Инаку, да потсетиме, лани во мај премиерот замина во Рим на аудиенција кај папата Франциск придружуван од неговата ќерка…