На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа понижувачкото повлекување, поточно бегството на руските војници во близина на Бахмут.
Овој настан се случил истиот ден кога рускиот претседател Владимир Путин организираше уште една воена парада за Денот на победата, но со значително намалени димензии од вообичаеното поради, како што објавија многу западни медиуми, разорните загуби на руските воени сили во Украина, пренесува Б92.
Снимките од руските војници како бегаат се чини дека ги потврдуваат извештаите од фронтот дека редовните руски сили „се свртеле и побегнале“, при што Киев тврди дека има територијални придобивки по неколкумесечниот руски напредок.
Како што објави Јутарњи лист, неодамна шефот на руската платеничка група Вагнер, кој вообичаено ја води битката за Бахмут, Евгениј Пригожин, на својот канал Телеграм објавил дека руските редовни вооружени сили бегаат.






