Сакам да донирам за вашиот син. Вака профилот потпишан како Петровска Анета, го започнал разговорот со родителите на малиот Тео кој болеува од церебрална парализа и епилепсија. Со профилна фотографија на насмеана мајка која држи бебе во раце, овој профил кој тврди дека живее во Канада успеал да ги добие нивните лични податоци, објаснувајќи дека за да донира, потребни биле низа процедури. Само неколку часа подоцна, мајката добива повик во кој и’ се соопштува дека е поднесено барање за брз кредит со нејзини податоци, за купување на бела техника, пишува ТВ Алфа.
-Испратени се личната карта, матичниот број и трансакциска сметка како и здравствениот број. Никој не веруваше дека ќе паднат на толку ниско ниво за да злоупотребуваат некои работи за деца кои се болни. На телефонот на сопругата стигна информација дека е одобрен во висина од 72 000 денари за некој клима уред. Од полиција ни кажаа дека ќе се покрене постапка. А колку ќе трае и како ќе биде не можам да ви кажам, вели таткото Љупчо Максимовски за Алфа ТВ.
Десетици граѓани се измамени на сличен начин. Нашите извори велат дека дел од нив се измамени од истиот профил. Измамниците успеваат од нив да ги добијат матичниот и здравствениот број. Во некои случаи се монтира нивниот лик со лична карта во рака, а во друг случај измамените сами се фотографираат така. Ова е се што им е потребно за подигнување на брз кредит со туѓи податоци стои во текстот.
Линк до целиот текст.







