ГЕРБ понуди жена за премиер на Бугарија

„Наш кандидат за премиер ќе биде бугарската еврокомесарка Марија Габриел“, соопшти денеска лидерот и пратеник на ГЕРБ, Бојко Борисов од говорницата на Националното собрание.



Борисов: Ќе предложиме кандидат за премиер кој е паметен, згоден, образован, интелигентен, полиглот

Марија Габриел – комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади во Европскиот парламент – се очекува да започне средби со другите партии за составот на кабинетот на идната влада откако најмногубројната коалиција во бугарскиот парламент ГЕРБ/СДС ќе го добие мандатот во понеделник.

Откако вчера претседателот Румен Радев соопшти дека на 15 мај ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ, лидерот на партијата Бојко Борисов најави дека денеска ќе објават кандидат за премиер.