„Премиерот Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари, а првиот вицепремиер Артан Груми работи за 70.478 денари“.
Се разбира дека ова не е точна информација, односно беше вистинита се до крајот на претходниот месец, се вели во анализата на Фактор.мк.
Сега, или попрецизно од почетокот на мај, премиерот, вицепремиерите и другите владини министри добиваат многу поголеми примања, кои практично стартуваат од априлската плата, откако така „пресече“ Уставниот суд, одмрзнувајќи ги платите на државните функционери.
Сепак, од Владата сеуште не сакале да ги објават точните плати на членовите на владиниот тим, туку напротив, во делот за Отворена Влада, има стари податоци за примањата на владините функционери.
Фактор прашале Владата зошто на нејзината веб страна се уште не се објавени новите плати на премиерот и на министрите, иако тие се зголемени и функционерите на своите конта веќе ги примија зголемените плати, и дали е тоа транспарентноста за која се залага Владата.
Линк до целиот текст.







