Нешто повеќе од 900 матуранти од источниот дел од земјава размислуваат да купат билет во еден правец и да ја напуштат сопствената држава. За некој од нив запишувањето на европските универзитети е единствена виза за да заминат. 21% планираат да студират во странство, а од оние кои нема да го продолжат своето образование, дури 24% се изјасниле дека сакаат да се иселат. Предничат студентите од Штип, Македонска Каменица и Струмица, според анализите од последното истражување на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

- – Доколку земеме во предвид дека оваа година за државна матура од овие региони се пријавени повеќе од 3500матуранти и ако ги вкалкулираме овие статистики кои не се егзактни, туку се сериозни индикативни тогаш би можеле да дојдеме до бројка од околу 900 млади, коишто потенцијално би ја напуштиле државата, само од последната генерација изјави проф. Страшко Стојановски.
Според анкетата во изминатите пет години се дуплирал и бројот на одлични средношколци. Социолозите за ова имат две објаснувања или имаме премногу паметни генерации, или се намалени критериумите за отценување. Најатрактивни за македонските студенти се универзитетите во Словенија, Софија, Пловдив и Солун.





