Само 5% од компаниите ги пласираат производите на странските пазари, зошто државата нема стратегија за извоз?!

Само пет проценти од македонските компании извезуваат, што е поразителна бројка за домашната економија, алармира стопанството. Првиот човек на најголемата Стопанска комора во земјава, Бранко Азески рече дека е доста од констатации дека состојбата не чини, зашто тоа сите го знаеме. Смета дека мора да се оди со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, кој е клучен играч за домашната економија.



  • Само пет проценти од македонските компании извезуваат. Тоа е поразителна бројка, рече Азески, истакнувајќи дека промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз.

Азески кој беше во посета на компанијата „Џонсон Мети“ во Скопје, рече дека малку компании во земјава се вклучени во ланците за снабдување на странските инвеститори. Тоа е наша одамнешна активност што треба да добие на интензитет.

На Македонија, оцени, и е судено алфа и омега за нејзиниот опстанокот е да биде извозот и мора да поставивме приоритети кои тоа ќе го поддржат.

Политичките турбуленции негативно вликаат врз економијата, велат стопанствениците. Смеет дека бизнисот секогаш треба да е пред политиката. Извозот како клучна компонета на развојот, но и регионалната соработка, е еден од клучните фактори за опстанокот на компаниите. Само 440 производи се со компаративни предности и тоа мора да се надоградува. На бизнисот му треба учество во конципирањето на законите, а не во Електронскиот национален регистар на прописи.