Пратеникот и поранешниот министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски смета одлуката да не се дозволи влез во земјава на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев бил „соодветен и задоцнет потег“
На 6-ти мај, да потсетиме, петмина бугарски државјани, меѓу кои европратеникот Ковачев и претседателот на фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски биле запрени на граничниот премин Ново Село.
Реакцијата на властите покажува две работи и тоа и двете се погрешни, рече Милошоски во синоќешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5
„Ако некој што не ги исполнува условите да биде добредојден гостин не може да биде примен во земјава и тоа можело да се случи пред 2-3 дена, се поставува прашањето зошто истото не можело да се случи пред 2,3 или 4 години кога се разгореа страстите и се случија одредени понижувања кај македонскиот народ.
Втората е грешката со потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Од август 2017 година, кога беше потпишан овој договор, секој месец како две земји докажуваме дека по неговото потпишување, нашите односи само се влошуваат, а тоа е апсурдот, вие потпишувате договор за пријателство и добрососедство, а се случуваат двојно повеќе кавги и недоразбирање“, рече Милошоски.
Според екс-министерот за надворешни Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија е асиметричен и во него само Северна Македонија прави отстапки, додека Бугарија „нема ни обврска да не стави вето“ на преговорите на земјава со ЕУ.







