Expres.mk ги овековечи сите учесници на годинешната Литија во Струга (ВИДЕО)

Колоната верници што учествуваа на годинешната Литија со моштите на Свети Ѓорѓија која мина низ Струга на моменти беше долга повеќе од еден километар.



ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СЕ ПРЕТПЛАТИВТЕ НА НАШИОТ YOUTUBE КАНАЛ

За илјадниците учесници воопшто не беше важно дали се на почетокот или на крајот на колоната верници.

Свечените велигденски пораки беа присутни од првите редови се до последниот учесник во поворката, од највозрасните до најмалите, од тие со највисоки свештенички чинови до обичните верници.

Expres.mk се обиде да ги овековечи сите што учествуваа во прекрасниот настан на кој пред се дојдоа граѓани од Струга но имаше и луѓе од многу други градови од Македонија и светот.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СЕ ПРЕТПЛАТИВТЕ НА НАШИОТ YOUTUBE КАНАЛ